Крводарителска акција на матурантите од училиштето „Мирко Милески” во Кичево

Од:

Институтот за трансфузиона медицина во Кичево во соработка со Црвениот крст во Кичево денеска организираа крводарителска акција за матурантите од О.С.У. „Мирко Милевски” од Кичево, при што се собрани вкупно 16 единици крв.

-Матурантите од О.С.У. „Мирко Милески” од Кичево , денеска даруваа крв , токму во екот на светската паднемија, во моментот кога потребата од крв и крвни продукти е најпотребна, учениците ја покажаа својата хуманост на дело. Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст во Кичево успешно ја спороведоа крводарителска акција. Воедно голема благодарност и до сите матуранти кои својата хуманост несебично ја покажаа на денешната акција каде што дарувaa до овие моменти вкупно 16 единици крв . Исто така благодарност и до претседателот на младинската организација во оваа училиште за иницијативата и оранизацијата на оваа хуманитарна акција , вели доктор Валбона Незири од Институтот за трансфузиона медицина во Кичево.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски