Крвава тепачка за олук во Гостивар

Од:

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Д. (55) кој е осомничен за насилство. Тој повикал мајстор, негов сосед да постави олук на неговата куќа, но олукот не бил поставен според договорот.

Кога Џ.Д. видел дека олукот е поставен спротивно на договорот, му се јавил на соседот да се видат, но истиот не можел веднаш да одговори на барањето. Дошол околу 17 часот и видел дека олукот бил искршен. Кога влегол во дворот на Џ.Д. настанала расправија, по што соседот со нога му направил оштетување на возило „Застава 101“, па зел шрафцигер и го нападнал соседот, нанесувајќи му исекотина во десното рамото. Џ.Д., во намерата да го продолжи делото, но бил спречен од друг сосед кој успеал да му го одземе шрафцигерот.  

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена