Крвав инцидент во Мавровка избодено момче

Од:

Со две убодни рани во пределот на грбот се здобил 23 годишниот Јетон Зекири од скопски Чаир синоќа во казиното Адмирал во Трговскиот центар Мавровка во центарот на Скопје.

Според информациите, Зекири работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД Обезбедување кога се уште непознато лице го нападнало со нож.

Тој итно е префрлен во Градската општа болница каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување.

Од МВР и официјално потврдуваат и најавуваат мерки за откривање на сторителот и соодветна постапка против него.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена