Кружни токови наместо семафори во Охрид

Од:

Со кружни токови наместо со семафори ќе се регулира сообраќајот на најфреквентните крстосници во Охрид. Идејата е да намалат гужвите и сообраќајниот метеж кој се создава особено по булеварот Туристичка за време на туристичката сезона.

Првиот од вкупно шесте кружни токови кој ќе почне да се гради деновиве ќе биде на раскрсницата кај спортскиот комплекс Биљанини извори, односно на излезот од градот кон плажите каде се создава и најголемата гужва. Изградбата на кружните токови ќе придонесе за зголемување и на безбедноста велат градските власти

Oд година во година се зголемува сообраќајот во Охрид, а капацитетот на улиците е ист и пред 20 години и сега. Решенијата со кружните раскрсници го подобрува протекот на сообраќај, се намалува чекањето, а гледано од безбедносен аспект е многу побезбедно. Ќе извршиме добро осветлување на самите рескрсници.

„Во план е изградба и на два модерни надземни премини на раскрсниците кај „Мини маркет“ и „Охридска банка“, затоа што на овие раскрсници фрекфенцијата е многу голема.“ рече раководителот на oдделението за сообраќај“, вели Зоран Шикалески

И експертите се на мислење дека ова значително ќе ги намали гужвите и долгите колони возила кој се создаваат низ градот пред се во шпицот на туристичката сезона кога во Охрид има возила за неколку пати повеќе од капацитетите на градот

„Кај кружната кртосница доколу е соодвето проектирана и доколку се применети сите стандарди и параметри кои важат и во националната и меѓународната легислатива подржана во сообраќајот, тогаш една од предностите се малите временски загуби, во споредба со класичните. Овие текови предизвикуваа намалување на брзината на учесници во сообраќајот. Посебно се погодни во места каде големината на сообраќајот неочекувано расте во одредени периоди“, изјави Томислав Тунтев, доктор по сообраќајни науки.

Поголемиот дел од овие раскрсници треба да бидат готови до крајот на годинава.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид