Крушевчани разголиле жена, и ја исекле косата и ја ограбиле

Од:

Педесет и двегодишната скопјанка Г.П. вчера вечерта телефонски се пожалила во крушевската полициска станица дека во текот на денот тројца мажи ја нападнале во просториите на претпријатието за обработка на дрво „Борче“ во Крушево, така што ѝ ја скинале и соблекле облеката, со ножици ѝ ја исекле косата, ѝ ги скршиле мобилните телефони и ѝ ја одзеле ташната.

Според нејзиното сведоштво, вчера околу 19.30 часот во атарот на крушевското село Врбоец, додека во просториите на претпријатието таа разговарала со сопственикот, 47-годишниот Д.Д., 70-годишниот А.Д. и 49-годишниот К.Х., сите од Крушево, влегле во објектот, насила го изнеле сопственикот и ја нападнале скопјанката, оставајќи ја потоа гола и потстрижена.

Полицијата ќе поднесе соодветна кривични пријави против сторителите.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип