Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија и осигурување

Од:

Собранието со 54 гласа „за“ го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување.

На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски беше предложен од Владата во ноември откако му истече мандатот на неговиот претходник Климе Попоски. Пред да биде именуван, реагираше пратеничката Лилјана Кузмановска која праша кој му бил мотивот на Шајноски, да биде дел од оваа институција кога во минатото бил поборник за остварување на професионалците во приватниот сектор.

„Шајноски велеше, дека не е престиж еден експерт да работи и се оствсрува во државна администрација. Не сакам да навлегувам во неговото CV, но ме интересира зошто одеднаш му стана толку примамливо да биде дел од оваа регулаторно тело”, рече Кузмановска од собраниската говорница.

На нејзиниот говор реагираше пратеникот Костадин Ацевски, од СДСМ, кој рече дека не требало да се крева прашина затоа што тие во минстото вдомиле еден куп партиски експерти.

Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на оваа регулаторно тело.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги