Крсте Јовановски: Се надевам дека во идниот период ќе дозволите да ве фалиме

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски праша каква демократија ќе спроведе новиот мандатар Зоран Заев, кога за дебата поврзана со изборот на влада имало само еден ден. Според него, новата програма е параван за се она што ќе следувало.

– Мерките се за докажување, не се решенија. Програмата ја видовме, често зборував дека таа личи на програма за седница, а не за реформи. Беа презентирани мерки, односно измени, но тие се спроведуваа во државава со резултати. Новото мнозинство велеше дека тие не се добри и создале сиромаштија. Јас нема да зборувам што направила Владата до сега, бидејќи секој човек осетил бенефит, рече Јовановски.

Тој изрази оптимизам, дека во идниот период, ВМРО-ДПМНЕ ќе има причини зошто да ја фали новата власт.

– Господине Заев, вие рековте дека ќе побарате стручно мислење од Специјалното јавно обвинителство, за идните министри, со тоа и за вас. Вие рековте да прашаме се што мислиме, а вие ќе одговорите. Ве прашувам, што мислите за Вас и вашите министри и министрите од реформската Влада, во контекст на реформите, веќе два дена разговараме и дебатираме, а тука се шетаат голем број на бодигарди, специјалци, полиција. Од што се плашите, па нели ова е за народот. Гордоста е достоинство и чесност. Сакам да завршам со оптимизам, дека сето она што беше кажано од овде, дека Владата ќе работи чесно, за граѓаните, дека нема да има одмазнички и други работи. Се надевам дека во идниот период ќе дозволите да ве фалиме, додава Јовановски.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител