Главниот координативен кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во затворен простор.
Главниот кризен штаб исто така ја прифати и препораката за укинување на маските во средните училишта како и за укинување на забраната за екскурзии и настава во природа.
Маски и натаму ќе треба да се носат во здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и во домовите за возрасни лица.
За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната седница.