„Кризен штаб против референдумот“: Народот масовно нема да излезе на референдумот

Од:

Караванот на „Кризниот штаб против референдумот“ вчера имаше средби со граѓаните на општинте Карбинци, Пробиштип и Штип.

„На средбите граѓаните беа информирани за капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Општ впечаток кај говорниците и присутните граѓани беше дека референдумот нема да успее бидејќи народот масовно нема да излезе на референудмот и ќе бојкотира. Македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората не сакаат промена на името и самоукинување на Македонците. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Сите заедно, старо и младо, машко и женско на нозе се креваме да ја спречиме инсталираната власт контролирана од странски центар да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи беше истакнато на собирите“ велат од Македонија Бојкотира.

Би можело да ве интересира

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Катерина Ѓуровски