Кривопаланечките ученици се вклучија во акцијата „Македонија без отпад 2013“

Од:

Учениците од двете основни училишта во Крива Паланка и најмладите од детската градинка „Детелинка“ денеска се вклучија во акцијата „Македонија без отпад 2013“, иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Основците од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, како и дечињата од забавишните групи во ОЈУДГ „Детелинка“ на собирните пунктови предадоа голема количина отпадни материјали, пластика, хартија и електронски отпад.

Координаторот на акцијата во ООУ Ј.Крчовски, Билјана Петковска-Антовска рече дека целта на акцијата е да се зголеми еколошката свест кај учениците и младите, а покрај доставата на материјали за рециклирање, учениците со помош на наставниците изработија и брошури со еко-пораки кои им ги поделија на кривопаланчани.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски