Кривопаланечките ученици дел од акција за собирање отпадни батерии

Од:

Учениците од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, денеска собираа отпадни преносни батери, со што се вклучија во големата акција за постапување со ваков вид отпад на здружението „Елколект“ , Скопје.

– Учениците беа задолжени да донесат отпадни преносни батерии кои повеќе не се употребуават во нивните домови, а на овој начин се вклучивме и во наградната игра на Елколект – „Биди супер херој“ со која се поттикнуваат учениците да достават што поголем број батерии, бидејќи, стимулативно, ученикот и одговорниот наставник, кои ќе соберат најмногу батерии ќе добијат награда, информираат oд Еко одборот на ООУ „Јоаким Крчовски“.

Оттаму истакнаа дека училиштето е носител на зелено знаме, како потврда за високото ниво на хигиена и грижа за животната средина,а вклучувањето во акцијата за отпадни батерии, велат, е дополнително поттикнување на ученциите да пројават интерес за грижа за здрaвата и чиста животна средина преку правилно постапување со отпадни батерии.

Собирањето и грижата за отпадните батерии по собирните акции во сите училишта кои ќе се вклучат во оваа акција е грижа на „Елколект“ од каде ќе биде организирано превземањето и транспортот на до лиценциран склад за отпад.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка