Кривопаланечките пожарникари денес извршиле две интервенции на запалени оџаци

Од:

Во текот на денешниот ден пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка реализирале две интервенции на две дојави за запалени оџаци.

И во двете интервенции не е направена голема материјална штета, но од ТППЕ Крива Паланка апелираат граѓаните да ги исчистат оџаците и во текот на грејната сезона, за да не доаѓа до вакви несакани дејства.

– Едниот пожар се случи нешто по пладне, другиот вечерва, на улицата „Наско Тамбурков“, двата во приватни стамбени објекти. Брзата интервенција на пожарникарите и во двата случаи го запрела мошне брзо процесот на горење и спречено е да дојде до поголема штета. Со денешните, во февруари се случија вкупно пет пожари на подрачјето на градот, а од почетокот на годината вкупно дванаесет, изјави Иле Коцевски, командир на Територијалната противпожарна единица на Крива Паланка.

Упати апел граѓаните да ги чистат и одржуваат редовно оџаците.

– Според препораките, граѓаните се должни да ги чистат оџаците најмалку два пати во годината, пред почетокот и на крајот на грејната сезона, но пожелно е поради запушување на оџаците од влагата и екстремно ниските температури, да се чистат и во екот на сезоната на греење. До толку повеќе, што од палење на оџак може да дојде до огромни штети по имотот, но и да предизвикаат несакани последици, додаде Коцевски.

Во најголемиот пожар кој се случил од почетокот на годината, а настанал како последица од запален оџак, опожарена е куќа во селото Конопница, а причинета е материјална штета од над 200.000 денари.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена