Кривопаланечките извидници мапираат диви депонии на Калин Камен

Од:

Со денешните теренски активности на членовите на извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка ќе се спроведе комплетното мапирање на дивите депониии на туристичкиот локалитет Калин Камен.

-Триесетина извидници во изминатите два дена активно работеа во реонот на туристичкиот локалитет Калин Камен, во околината на спортско-рекреативното катче, излетничките сместувачки капацитети и најпосетуваните локации во оваа месност, а денеска ќе обиколиме по трасата на патеката до езерцата и врвот Калин Камен, како и на неколкуте видиковци, каде најчесто се заджуваат оние кои го посетуваат прекрасниот Осоговски предел и Калин Камен, истакна Соња Ангеловска од ИО „Н.Н. Борче“.

Ова е трета последователна активност на здружението од проектот „Младински платформи за одржлива заштита на прородата“, финансиски поддржан од општина Крива Паланка со повикот за финансирање граѓански организации од Програмата за 2018 година.

– Активноста се спроведува во вид на хајки на кои учествуваат повеќе групи млади лица од општината, а основната цел на активностите е мапирање на дивите депонии на локалитетот Калин Камен, подготовка за нивно отстранување и подготовка на промотивен видео материјал за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, додaва Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски