А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривопаланечките извидници го започнаа проектот „Детски спортско-рекреативен центар“

by А1он08/10/2017 - 17:43147
Share0

Симболично, на денот на ослободување на градот, 8 Октомври, во Крива Паланка денес започна изградбата на скаутски парк-иницијатива на Извиднички одред Наум Наумовски Борче, насловена „Детски спортско-рекреативен центар“ поддржана од Националниот младински совет на Македонија.

Добивај вести на вибер

– Отпочнавме со активности за расчистување на теренот и со земјени работи, по што следува втората фаза од проектот, подигнување бетонски површини и изградба на патеки околу уредените површини. ИО „Н.Н.Борче“ е иницијатор на овој проект, насловен „Детски спортски-рекреативен центар“, кој е финансиски поддржан од националниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Мрдни со прст“ со грант во висина од 84.000 денари. Во рамки на целокупната иницијатива ќе бидат подигнати и зелени површини, ќе се отстранат околните мини-депонии создадени до негрижливото население и ќе бидат поставени детски реквизити и клупи, информира Игро Ангеловски, претседател на Извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“, Крива Паланка.

Проектот се реализира во кругот на извидничкиот центар „Вавилон“ во Крива Паланка каде ќе бидат уредени две третини од дворната површина.

-Ова е една од петте програмски активности предвидени со Годишната програма за работа на одредот, со тематски наслов „Извидниците за Македонија“, додаде Ангеловски.

Информираше и дека тековно се работи и на изградбата на извиднички музеј во кој ќе бидат изложени фотографии, артефакти и документи од формирањето на одредот 1960 година, до денес.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен