Кривопаланечки средношколци дел од „Иновативна обука за ученици автомеханичари“

Од:

Средношколци, ученици во авотмеханичарска струка од Крива Паланка, Струмица и Кочани, преку проект финансиран од програмата Ерасмус плус ги усовршуваа своите практични вештини и знаења од автомеханичарската дејност.

Во рамки на проектните активности од „Иновативна обука за ученици автомеханичари“ триесетина ученици од трите училишта поминаа десетдневна обука во меѓународна автомобилска работилница во Атина, Грција.

– Обуката е во рамки на проектот финансиран од Националната агенција за Евроспки образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус плус на ЕУ, а се реализира во партнерство со СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани и СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Учениците имаа можност да се стекнат со практични знаења од она што е нивен образовен профил и струка и се надевам ќе им помогне многу во нивната професија во иднина, да ги направи по конкурентни на пазарот на трудот. За усвоените вештини и стекнатото искуство сите ученици добија и меѓународни сертификати, рече Виолета Станојковска, директор на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, на свеченоста по повод доделување на сертификатите во училишната библиотека.

Целта на проектот е учениците да се стекнат со дополнителни практични знаења од областа на машинската струка, образовен профил автомеханичар, реформирано образование.

– Учениците менуваа делови на авотмобили, сервисираа елементи, реализираа разни активности од областа, правеа целосент ремонт на коли, со што имаа прилика да бидат дел од една комплетна процедура на работењето од нивната струка, на повисоко ниво, истакна одговорниот професор Влатко Цветковски.

Во претстојниот период во рамки на истиот проект ќе се реализира размена на наставен кадар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка