Кривично-правна одговорност за непочитување на полицискиот час

Од:

Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во врска со одлуката на Владата на подрачјето на целата држава да се воведе забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

– Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување. За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари, појаснуваат во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

141 позитивен од 866 тестирани за Ковид-19, еден починат

60 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

3611 активни заразени со Ковид – 19, најмногу во скопски Чаир

А1он

Полициски час ќе има, но колку е тоа ефикасно-Скопје уште утре се сели во Охрид, Дојран, Маврово

Предраг Петровиќ

Во Кичево стабилно, евидентирано едно ново лице во самоизолација

Ана Ололовска