Кривичните судии донирале по 200 евра за борба против Ковид-19, петмина одбиле

Од:

Судиите од Кривичниот суд донирале по 12 илјади денари, за борба со пандемијата од вирусот Ковид-19. За оваа намена донирале вкупно 48 судии, а петмина одбиле.

Во соопштението на судот се вели дека со ова, судиите обезбедиле 50тина плати и барем за еден месец спречиле отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со коронавирусот.

„Како никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство за солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија што е повеќе од 20% од судиската плата“, стои во соопштението.

Кривичните судии велат дека со ова ги поттикнуваат и ги повикуваат, односно предизвикуваат сите граѓани со примања над 40.000 денари, како и сите други функционери да го следат овој пример.

„Имајќи предвид да примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на дел од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угостителски објекти и обложувалници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со нивните примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираа со цел да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, се вели во соопштението.

Првично, со одлука на Владата, предвидено беше сите избрани и именувани функционери да земат минимална плата, односно 14.500 денари за месеците април и мај.

Токму Здружението на судии поднесе инцијатива до Уставниот суд, незадоволни од ваквата владина уредба, нешто што предизвика жестоки реакции во јавноста.

По иницијативата на Здружението, судот ја замрзна одлуката, а потоа и ја поништи, што практично значеше дека избраните и именуваните функционери, судии и обвинители, ќе ја земаат целата плата за април и за мај.

Би можело да ве интересира

20-годишен скопјанец со сатар и два ножа сакал да влезе во Кривичен суд

Кривичен: Јованов сторил сообраќајка за која во согласност на Јавен обвинител платил казна

Горан Наумовски

Во Кривичен од почеток започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери

Одземен му е пасошот на Јован Деспотовски

Бројни системски слабости кај Кривичен суд утврди Ревизија

Кривичен ја одби жалбата на Груби за притворот