Кривични за лицата кои со бесправна сеча предизвикаа 2,2 милиона денари штета

Од:

Поднесена е кривична пријава против И.К. (37) од Демир Хисар, Ш.Ш.(36) од Гостивар и 17-годишно лице од село Долно Бањица, Гостивар за постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење шума“.

На 23 мај годинава околу 10:40 часот службениците на ЈП „Македонски шуми“ во атарот на село Сушица забележале две непознати лица како вршат бесправна сеча со моторна пила по што овие почнале да бегаат. Настанот бил снимен со мобилен телефон од страна на службениците и по проверка на видео записот лицата се идентификувании. Со нив е извршен разговор, а од увидот е констатирано дека бесправно се исечени 246,25 метри кубни дабови дрва, со што е причинета материјална штета од 2.216.250 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски