Кривични за лица од Миравци поради разбојништво

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против П.Ј (41), П.М (34) и З.Ј (35), тројцата од село Миравци, поради постоење основано сомнение дека сториле  кривично дело „разбојништво”  над  двајца државјани  на Мароко.

Според МВР, разбојништвото е извршено на 7-ми овој месец, околу 22 часот, кај местото викано „Вирот“, во атарот на Миравци, близу железничката пруга. Пријавените им се претставиле на Мароканците како полицајци по што физички ги нападнале со дрвени палки, заканувајќи им се со пиштол. Му нанеле телесна повреда над едно од лицата во пределот на ногата, ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефона и патничка торба во која имале лични работи, ги оставиле  зад себе и се оддалечиле во непознат правец.

По пријавување на настанот, се преземени мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите. Пријавените се идентификувани, лишени од слобода и доведени во Полициската станица Гевгелија каде што со нив се обавени службени разговори.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски