А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични за криумчарење сириски мигранти

by А1он13/04/2015 - 12:08180
Share0

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.П.(41) и Т.П.(21), двајцата од Гостивар, со место на живеење во Гевгелија, и Г.Ф.(42) од Свети Николе, поради основано сомнение за криумчарење мигранти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавените биле организирани во група и заедно го извршувале кривичното дело во соработка со уште две лица за кои од МВР претходно е поднесена кривична пријава.

Како што соопшти полицијата, на 5 април годинава, во еден часот по полноќ, на автопатот Велес – Скопје кај село Катланово, полициски службеници запреле две возила, „Фиат Темра“ сопственост на Т.П., а управувано од лице од Гевгелија претходно пријавено, и „Опел караван“ управуван од другото лице кое исто така е пријавено претходно. При извршен преглед, во возилата се пронајдени 16 илегални мигранти од Сирија.

Од разговорот со лицата кои ги управувале двете возила е констатирано дека тие најпрво се договориле со С.П. да превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, а за успешно завршената работа да добијат паричен надомест од по 500 евра. Утврдено е и дека еден од возачите бил во роднински врски со Г.Ф.. Нему му било понудено заедно со првопријавениот да се приклучи со неговото возило марка „фолксфаген шаран“ како претходница, односно чистач на двете возила за сума од 200 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Првопријавеното лице подолго време се занимавало со криумчарење мигранти, неговата улога заедно со второпријавената која е негова ќерка, била да им обезбедува возила, пари за гориво и патарини на возачите кои ги превезуваат мигрантите за да стекнат имотно правна корист. Улогата на второпријавеното лице била да остварува контакт со непознато лице од Авганистан, кој работел во пограничниот реон со Грција во близина на граничниот премин Богородица кој овозможувал илегално префрлување на мигрантите од Грција во Македонија и го договарале времето и местото каде треба да бидат донесени.

Судија по претходна постапка на првопријавениот  и третопријавениот им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека на второпријавената и е изречена мерка претпазливост – привремено и е одземена патната исправа.

migrantimvr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео