Кривични за две лица за вооружената пресметка во барот „Код“ во Тетово

Од:

СВР – Тетово поднесе кривични пријави против  Р.Ј.(30) и А.М.(23) двајцата од Голема Речица, кои се осомничени во врска со  вооружената пресметка што во петокот на 20 април околу 22 часот се случи во кафе барот Бар код во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово,  Марјан Јосифовски.

– Првопријавениот Р.Ј. веднаш по престрелката во која  6 лица се здобија со повреди од огнено оружје при што А.А.(22) им подлегна на повредите, избегал и по него е распишана потрага, додека второпријавениот А.М. вчера бил изведен пред судија во претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 денови, рече Јосифовски.

За останатите информации за случајот од полицијата упатија кон јавното обвинителство од каде најавија дека многиу скоро ќе има соопштение на нивнта службена веб страна.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа