Кривични за четворица вработени во општина Прилеп, еден геодет и еден управител на „Пелагонија Турс“

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица вработени во општина Прилеп, против управител на Пелагонија Турс од Прилеп и овластен геодет вработен во ГПС „Премер“ ДООЕЛ Прилеп за злоупотреба на службена положба, кривично дело со кое го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари, соопшти МВР.

Кривичните пријави се поднесени против И.К. (61), вработен во општина Прилеп на работно место раководител на Сектор за урбанизам, И.Ч. (66), вработен во општина Прилеп на работно место раководител во Одделение за урбанизам, К.Б. (60), вработен во општина Прилеп – член на Комисија за утврдување на фактичка состојба на лице место во постапки за легализација и Б.В. (62), вработен во општина Прилеп – член на Комисија за утврдување на фактичка состојба на лице место во постапки за легализација против С.К. (61), Управител на ДОО ,,Пелагонија Турс“ Прилеп, П.И. (50), овластен геодет вработен во ГПС ,,Премер“ ДООЕЛ Прилеп.

– И.К., од 25 август 2011 до 22 ноември 2013 година, во договор со останатите пријавени презеле дејства, секој во рамките на своите овластувања, со цел легализација на деловен објект кој не можел да биде предмет на постапување согласно Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. На тој начин противправно овозможиле правното лице Пелагонија турс ДОО Прилеп да стане сопственик на деловен објект лоциран на ул. ,,Маршал Тито“, кој се наоѓа на приземјето од станбено деловна зграда во Прилеп, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари, се вели во соопштението од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски