Кривични за 4 лица осомничени за криумчарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи поднесе кривични пријави против четири лица К.К. (66), Г.С. (29) двајцата грчки државјани, М.В. (34), српски државјанин и И.А. (39) од село Лојане осомничени за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Откриени се 24 илегални мигранти, од кои деветмина од Сирија и 15 од Авганистан. На пријавените, соопшти денеска МВР, Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена и тоа на К.К., М.В. и И.А. односно во траење од осум дена на Г.С.

Во првиот случај К.К. (66) од Катерини, Грција, на автопатот Куманово – ГП Табановце, поточно на м.в. клучка „НАТО“ во правец на село Лојане од страна на Мобилната екипа за прекуграничен криминал било сопрено патничко моторно возило марка „BMW“ со грчка национална ознака управувано и сопственост на К.К. при што во возилото биле пронајдени тројца илегални мигранти, државјани на Авганистан, без документи за идентификација.

Во вториот случај од страна на полицијата во Демир Капија кај тунелите кај Демир Капија во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на патничко моторно возило „Пежо 206“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето М.В. (34) од Ниш-Р.Србија, во возилото се откриени четири лица илегални мигранти од Сирија.

Во третиот случај полицијата кај наплатната рампа кај Градско, во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на патничко моторно возило марка “Голф“ со грчки регистарски ознаки управувано од лицето Г.С. (29) од Солун, Грција, во возилото се откриени пет лица илегални мигранти сите од Сирија.

И во чевртиот случај на влез во село Речица – Куманово, при контрола на патничко моторно возило “Фолксваген Шаран“ со кумановски регистарски таблички управувано од И.А. (39) од село Лојане, откриени се 12 лица мигранти од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он