Кривични пријави за три лица кои со уцена изнудувале пари

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б. (46) осомничен за кривично дело „уцена“, и против А.Д. (35) и Ј.Д. (55), двајцата од Свети Николе, кои се товарат за кривично дело „помагање“.

– Првопријавениот Б.Б., кој бил на издржување казна затвор во КПУ – затвор Штип, во својот мобилен телефон имал фотографии од четириесетгодишна тетовка со компромитирачка содржина кои самата му ги пратила на Вибер, соопшти МВР во дневниот Билтен.

Б.Б. почнал да ја уценува со закана дека ако не му даде пари во износ од 3.000 евра ќе му ги достави сликите на нејзиниот сопруг. Оштетената исплашена заминала на извесен период во Германија, по што Б.Б. заедно со второпријавениот А.Д. продолжил да го уценува сопругот на оштетената, кому успеале да му изнудат пари во три наврати.

Првиот пат сопругот на оштетената им донел пари во износ од 250 евра, додека пријавените биле во затворот, а во два наврата на жиро-сметка на третопријавената Ј.Д. уплатил по 10.000 денари.

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме