Кривични пријави за штипски лихвари

Од:

Поднесена е кривична пријава против двајца лихвари од Штип, кои давале заеми на приматели на социјална помош, а како залог им ги земале банкарските картички со пин кодовите за секој месец да им ја подигаат социјалната помош, до исплата на долгот.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ј.(45) и Е.Ј.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во текот на 2020 и 2021 година, пријавените на 19 социјално загрозени лица од Штип, приматели на парична помош и други социјални додатоци, им давале пари на заем, а за услугата им наплаќале камата од најмалку 50 % од дадениот заем. Како залог, пријавените им ги земале платежните банкарски картички со пин кодовите и континуирано по секоја пристигната месечна социјална помош на сметките на оштетените, пријавените од банкомат подигале пари сѐ до целосно враќање на заемот“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он