Кривични пријави за повеќе од 500 лица кои не ги почитувале мерките за заштита

Од:

Јавното обвинителство досега поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на болеста Ковид-19.

Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки. Пријави се поднесени и за граѓани на Дебар, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Берово, Свети Николе, Штип, Охрид, Кичево, Струга и Кочани.

Збирната информација за поднесените пријави, објавена на веб страницата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се однесува на периодот од 17 март до 7 јули и секојдневно се ажурира.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска