Кривични пријави за поранешна директорка и двајца раководители во гевгелиски „Комуналец“

Од:

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против У.В. (61), П.Б. (48) и М.П. (53) поради постоење на сомнение дека од 2014 до 2017 година, како вработени во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Гевгелија сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од МВР, У.В., која во наведениот период била директор на Јавното претпријатие, пропуштајќи да бидат наплатени долгови за извршени услуги од Јавното претпријатие, направени од страна на физички и правни лица од општина Гевгелија, с.Стојаково и с.Селемлија, сторила повреда на повеќе одредби од законски и подзаконски акти и договори.

Исто така, како што се наведува во соопштението, П.Б., кој во споменатиот период бил раководител на Сектор за комерција и односи со корисници при Јавното претпријатие, не изготвувал месечни извештаи за тоа кои корисници на услуги да бидат предупредени или тужени и не ги предавал на првоосомничената како директор, заради носење на конечна одлука.

Во периодот до 16.05.2016 година П.Б. не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред тие да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите.

М.П. во својство на службено лице, раководител на сектор за општи и правни работи и човечки ресурси, во периодот од 17.05.2016 година до 31.12.2017 година не водела сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред да застарат, а дополнително, во содејство со П.К., ја злоупотребиле својата службена должност, така што по претходно дадена согласност од првоосомничената, селективно одлучувале кои физички и правни лица да бидат опоменати и тужени, при што пропуштиле да спроведат постапка за присилна наплата на долг од корисници.

Од МВР потенцираат дека со овие дејства осомничените, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овлстување, причиниле вкупна материјална штета во висина од 6.114.969 денари на штета на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Гевгелија, како и друга дополнителна материјална штета на претпријатието.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец пронајден мртов во неговиот дом

Импровизирана лабораторија за производство на марихуана откриена во куќа во Гевгелија, притвор за едно лице

Кривични пријави за три лица за бесправно градење во Радожда

ВИДЕО: Сопственик на ресторан во плач по казната од 7000 евра за гости со лажни ковид сертификати

Предраг Петровиќ

47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци заплени Финансиската полиција при претрес на дом на лажен адвокат

А1он

Изгорел покривот на опожарена куќа во Гевгелија

Ана Ололовска