Кривични пријави за петмина дебранци за непочитување на полициски час

Од:

Петмина дебранци заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднело кривични пријави против С.П.(24) Р.П.(28) К.В.(20) Е.М.(40) и С.П.(35) сите од Дебар.

-Споменатите лица, во периодот од 29 минатиот до 3 овој месец, биле затекнати на улиците Бетон и Џавид Уштеленца во Дебар и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека немаат соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувале одлуката за забрана на движење на населението со цел заштита од Ковид-19, изјави Димоски.

Тој информираше дека безбедносната состојба во ова подрачје е стабилна.

-Во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, на подрачјето на ОВР Дебар не се регистрирани непочитувања на истите. Во истиот период не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, додаде Димоски.

Во Дебар, според него, нема лица во изолација освен само едно лице во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска