Кривични пријави за ограбувачите на бензинските на „Мак Петрол“ во Велес

Од:

СВР Велес поднесе кривични пријави против шест велешани од кои еден малолетник, за сторени кривични дела „разбојништво“.

Како што информира денеска на прес-конференција портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, пријавите се поднесени поради основи за сомнение дека сторителите во два наврата ја ограбуваа бензинската пумпа на „Мак Петрол“, на 29 декември 2013 година и на 26 март 2014.

На пумпите лоцирани на улиците „Алексо Демниевски“ и „Димитар Влахов“ со закана со нож, од вработените одзеле вкупно 126.359 денари.

– О.Т (23) , Ѓ.Д. (26) и Ѓ.С. (25), сите од Велес, на 29 декември 2013 во три часот влегле во бензинската пумпа „Мак Петрол“ на улицата „Димитар Влахов“ и со закана со нож од вработениот одзеле ташна со 42.359 денари. О.Т., кој е првопријавен и во претходната кривична пријава, С.М. (22) и В.А. (20) сите од Велес, како и малолетникот Р.С. (17) од Велес, на 26 март 2014 во 4:20 часот се упатиле кон бензинската пумпа „Мак Петрол“ на улицата „Алексо Демниевски“  и со закана со нож од вработената одзеле 84.000 денари, рече Стојковска.

Пријавените кои и претходно и биле познати на полицијата за сторени кривични дела, вчера се изведени пред надлежен суд по што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Спроведени се во Истражен затвор Скопје.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски