Кривични пријави за непочитување на мерките на Владата

Од:

Од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата заклучно со денеска Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од КЗ на РСМ, при што треба да се има предвид фактот дека во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон – „пренесување заразна болест“ (чл.205) и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206).

Од МВР информираат дека до надлежните ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности МВР, односно Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа, се појаснува во денешното соопштение од МВР, при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ на РСМ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска