Кривични пријави за кражбата во АД „Жито Караорман“

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп кои минатиот месец го ограбија магацинот на АД „Жито Караорман“ на магистралниот пат Кичево – Охрид, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 180.000 денари.

Како што информира МВР, кражбата се случила на 16 март годинава откако Г.М. и П.П. околу 10 часот со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле складирани метални предмети, сопственост на претпријатието, по што избегале. Потоа предметите ги продале во отпад за старо железо во Кичево.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ