Кривични пријави за кражба и купување бесправно исечени дрва

Од:

Во рамки на акцијата „Гора“ во текот на минатиот месец поднесени се две кривични пријави против две лица за сторени две кривични дела “кражба“ и “прикривање“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, првата кривична пријава поднесена е против Ќ.С. (33) поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот Ќ.С. со намера за противправно присвојување на 19 септември годинава, со употреба на погодно средство од туѓа шума извршил бесправна сеча и одзел повеќе стебла дрво – даб. Иако знаел и бил свесен дека не поседува одобрение за сеча и бесправно исечените огревни дрва во вкупна количина од три метри кубни без јасно видлив шумски жиг и без соодветна документација за транспорт ги натоварил во патничко моторно возило-Комбе марка “Мерцедес“, без регистарски ознаки и го напуштил местото на настанот упатуваќи се во населба Илинден со намера да ги препродава , но во непосредна близина на место викано „стара живинарска фарма“ од страна на униформирани полициски службеници бил сопрен и потоа донесен во просторите на Полициското одделение ,,Петровец“. Вкупно проценетата штета од бесправната сеча изнесува околу 21.000. денари. Инаку,  во претходниот период против лицето Ќ.С. поднесени се две кривични пријави за сторено кривично “тешка кражба“ .

Втората кривична пријава поднесена е против Т.О. (27) под сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Пријавениот на 26 септември годинава од засега непознато лице купил огревно дрво бука во количество од два и пол метри кубни, иако можел да знае дека огревните дрва се прибавени со кривично дело „кражба“ бидејќи  не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг и не биле испорачени со испратница од продавачот. Така, со наведеното инкриминирано дејствие постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он