Кривични пријави за граѓани од Куманово за непочитување на прописи за време на епидемија

Од:

Против две лица од Куманово е поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти полицијата.

До ОЈО Куманово вчера е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17 март 2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18 март тој не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

До ОЈО Куманово исто така вчера е поднесена кривична пријава и против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ.

На март пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Владата, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска