Кривични пријави за фалсификување деловни книги и злоупотреба на лични податоци

Од:

Полициската станица во Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Ч.(59), М.Ш.(67) од Богданци и С.С. (40) од Гевгелија, за кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, додека С.Ч. е пријавена и за „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од 2 ноември 2010 до 25 јуни 2012 година, првопријавената, вработена и полномошник на штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје-филијала, употребила 18 фалсификувани документи за одобрување долгорочни кредити на физички лица, кои ги доставила до штедилницата.

Исто така, на 17 јануари 2012 година, првопријавената без согласност на З.А. ги искористила неговите лични податоци и склучила договор за долгорочен кредит. С.Ч. и М.Ш. го поттикнале С.С да изготви 18 фалсификувани потврди за извршени проценки на златни предмети со цел да овозможи склучување на договори за долгорочни кредити за лица од Гевгелија и Богданци.

С.С. изготвил 18 фалсификувани потврди за наводно извршени проценки за златни предмети, и ги дал на првопријавената и и овозможил да ги употреби при подигање  кредити во вкупен износ од милион 675.000 денари.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он