А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични пријави за две лица во врска со инидентот на натпреварот Пелистер-Вардар

by А1он05/08/2014 - 15:32125
Share0

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Скопје и Б.Л.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Добивај вести на вибер

МВР денеска соопшти дека на 3 август годинава, околу 19 часот, на Градскиот стадион во Битола за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Пелистер“ и ФК „Вардар“, поголема група од навивачката група „Комити“ меѓу кои бил и првопријавениот, физички нападнале полициски службеници кои биле задолжени за обезбедување на фудбалскиот натпревар.

Од страна на судија во претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Второпријавениот се товари дека при крајот на второто полувреме, околу 19,20 часот, откако настанале нарушувања на јавниот ред и мир на стадионот, се доближил до полициски службеник и без повод и причина со ногата го удрил во левата подлактица, нанесувајќи му лесни телесни повреди, констатирани од доктор-ортопед во Клиничка болница Битола. Тој е изведен пред надлежен судија на претходна постапка и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

МВР во соработка и координација со надлежното Јавно обвинителство продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на сите кривично-правни настани, односно инциденти регистрирани за време на фудбалскиот натпревар.

Инаку, само во првите шест месеци од годинава беа регистрирани 19 случаи на нарушен јавен ред и мир пред, за време и по завршување на спортски натпревари. Од нив, на подрачјата на СВР Скопје-11, СВР Охрид и Штип-по три и два на подрачјето на СВР Тетово.

По осум од инцидентите се регистрирани за време на фудбалски и кошаркарски натпревари, а три на ракометен натпревар.

За време на инцидентите физичка сила е употребена во 11 случаи, во пет се фрлени тврди предмети и во по еден случај се употребени пиротехнички средства, омаловажувани полициски службеници и влегување на терен. Од ваквото однесување повредени се 12 лица, од кои четворица навивачи, четворица полицајци, три физички лица и еден тренер, а оштетени се автобус, воз, полициско возило, куќи и други предмети.

Од преземените мерки во првото полугодие, Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против осум сторители за сторени две кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Покрај ова, на 27 лица учесници во инцидентите им се издадени 27 платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување насилство на спортски натпревари и ЗППЈРМ.

mvr

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 12:20

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 13:35

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он31/10/2025 - 20:0431/10/2025 - 22:04

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 16:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен