Кривични пријави за двајца стружани, продавале нелегално набавено дрво

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од с. Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измамување на купувачи”, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги” и против С.П. (53) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правен субјект нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од С.П., референт во ЈП „Македонски шуми-Јабланица“, побарал да им постави службени ознаки – жиг, со цел дрвната маса заедно со друга што ја поседувал (вкупно 45 метри просторни), лажно да ги прикаже дека потекнуваат од државна шума. Потоа, Е.Ќ. изготвил деловна испратница во која внел лажни податоци и таа исправа со невистинита содржина ја заверил со службен печат и потпис, а потоа ја пуштил во правен сообраќај. На истиот начин, пријавениот Е.Ќ. со помош на С.П. изготвил уште три деловни испратници за вкупно 128 метри просторни огревно дрво, во кои внел лажни податоци. Со таквите дејствија на Е.Ќ. му било овозможено да се стекне со противправна имотна корист во износ од 307.200 денари.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски