Кривични пријави за двајца ограбувачи на цркви во три охридски села

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (33) од Охрид и А.С. (51) од Скопје, осомничени за сторени седум кривични дела „тешка кражба” од кои две во обид.

Како што информира МВР, тие во периодот од јуни 2016 до 17 февруари 2017 година извршиле тешки кражби во цркви на подрачјето на охридските села Лескоец, Старо Лескоец и Горно Лакочереј.

Пријавените во повеќе наврати со употреба на погоден предмет краделе во црквите „Свети Илија“, „Света Петка“, „Свети Спас“, „Свети Наум“ и „Свети Тома“, од каде одзеле околу 2.000 денари.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби