Кривични пријави за четири лица поради кражби

Од:

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Н.Д. (27) поради основано сомнение дека извршил три кривични дела и тоа – „тешка кражба во стан“, „тешка кражба во куќа“, како и „тешка кражба  во обид во куќа“. Исто така кривично пријавени се и лицата Б.К. (23), Н.Т. (22) и А.П. (27) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело – „тешка кражба во стан“. Со извршените кривични дела сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 183.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Првото дело е извршено при крајот на август 2010 година, поточно во периодот од 20 до 23.08. при што Н.Д., Б.К., Н.Т. и А.П. со патничко моторно возило „Пежо“ управувано од А.П. отишле на бул.„Јане Сандански“ до станот на оштетениот З.С. при што додека Н.Д. чувал стража, останатите се прекачиле на балконот кој бил на висина од околу 2,5 метри насилно со употреба на погоден предмет ја отвориле балконската врата, влегле внатре и извршиле пребарувања.

Притоа, украле златни ланчиња, златни прстени, комплет накит од Сваровски, обетки, копчиња за манжети од кошула, лап-топ компјутер, радио–ЦД, машки часовници „Своч“ и „Келвин Клајн“ како и парфеми, при што го напуштиле местото. Украдените предмети  меѓусебно си ги поделиле и истите  ги употребиле и задржале за сопствени намени и  цели.

Второто кривично дело е извршено на почеток на јули годинава на ул. „Ѓеорѓи Скржевски“ во куќа сопственост на В.М. каде насилно со употреба на погоден предмет Н.Д. сам делувал помеѓу крилото и касата од вратата при што влегол и украл златен женски  прстен  и пари.

Третото кривично дело што исто така го извршил Н.Д. на  12 август годинава на ул. „Тоне Тоншиќ“ во куќа сопственост на оштетениот Е.С., каде на непознат начин влегол во куќата и извршил претурање во спалната соба меѓутоа бил забележан и фатен од страна на сопственикот кој пријавил во полиција и од страна на полициска единица Алфи,  Н.Д. бил приведен во Полициска станица „Кисела Вода“.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он