Кривични пријави за четири лица од Градско заради разбојништво врз Сиријци

Од:

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) од Градско, поради основи за сомнение дека сториле кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „разбојништво“.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека четворицата осомничени на 16-ти септември годинава околу 01:00 часот во близина на железничката пруга во Градско пресретнале четири странски (сириски) државјани.

При тоа заканувајќи им се со земјоделски алати (срп, коса и вила) насилно ги внеле во куќата на првопријавениот каде ги задржале околу еден час, им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале од куќата.

Пријавените во текот на вчерашниот ден се изведени пред надлежен суд, при што им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Лицата се спроведени во Истражен затвор Скопје, информира Стојковска.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини