Кривични пријави за битолчани за тешки кражби и измами

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава против  О.Г. (21), од село Гермијан, И.Ј. (21), С.Ф. (21),  В.М.(17),  А.М.(16), и Р.К.(17) сите од Битола,  поради основано сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „измама“.

Како што денеска соопшти МВР, прво, трето, четврто,  и шестто пријавените  во  временскиот период од 25.01. до 12/13.02.2013 година, во три наврати извршиле кривично дело „одземање на моторно возило“. Пријавените со намера да го употребат за возење, противправно одзеле патничко моторно возило „рено-4’, „југо-темпо“ и „југо“. Потоа во еден наврат извршиле „тешка кражба“ од патничко моторно возило „југо темпо“ со што на оштетените им причиниле  вкупно материјална штета 129.000 денари.

Прво,  четврто и шесто пријавените  во временскиот период  од 18.02 до 19.02.2013г   во еден наврат извршиле „одземање на моторно возило“ на начин што од паркинг од пред зграда од Битола, со намера  да го употреби за возење, противправно одзеле патничко моторно возило „југо 45 Корал”, како и  во друг наврат  сториле „тешка кражба„ од „Југо  45 Корал“ во Битола, со што на двете оштетени лица им причиниле вкупно  материјална штета од 30.000 денари.

Второ и четврто  пријавените на 08/09.03.2013г во Битола  одзеле „Застава 750“  со што на оштетената и причиниле материјална штета од 12.000 денари.

На 24.03.2013 година второпријавениот отишол во домот на оштетениот  Т.П. и истиот се претставил како  син на газдата на менувачница и дека  истиот е заинтересиран да го купи „Ауди А4“ на оштетениот. Второпријавениот од оштетениот во два наврати  зел парични средства и  истиот му рекол дека  ќе му ги врати кога ќе го склучат купопродажниот договор, на што оштетениот поверувал. Наредниот ден оштетениот отишол во менувачницата,при што од сопственикот бил известен дека е измамен од неговиот син, со што му предизвикал материјална штета од  околу 12.000 денари.

Второ, четврто и петтопријавените во временскиот период  од 28.04 до 08.05.2013 година  со намера да се стекнат со противправна имотна корист, во еден  наврат извршиле „тешка кражба“ на начин што  со употреба да подесен алат насилно го отворил кафематот  пред менувачницата „Симтел“ во Битола, по што одзеле 1.200 денари. Во друг наврат извршиле  „одземање на моторно возило „рено 4“  со намера да го употребат за возење, така што   извршиле  тешка кражба на  истото возило,  кое го одзеле и го продале  на лице од Битола за сума од 4.500 денари,  со што на оштетените лица од Битола  им причиниле вкупна материјална штета од 69.000 денари.

Прво, второ, четврто и петто пријавените во Битола во временскиот период од 30.04. до 01.05.2013 година извршиле  „одземање на моторно возило“, со намера да го употребат за возење, противправно одзеле возило „рено 9“,  сопственост на КПУ затвор Битола, со што на оштетениот му причиниле материјална штета од 2.500 денари.

Второ и петто пријавените во  временскиот период  од 01.05. до 08.05.2013 во четири наврати извршиле „тешка кражба“ така што во два наврати одзеле акумулатори од патничко моторно возило „рено“, и „југо корал“, со што на двете оштетени лица им причиниле материјална штета од  13.500 денари. Потоа второ и петто пријавените  извршиле тешка кражба на дрзок начин  врз оштетената  Р.Р. од Битола, на начин што и ја отргнале ташната од рака во која имало парични сретства, документи и мобилен телефон со што и причинил материјална штета од 5.000 денари.

Прво и второ пријавените во уште еден наврат извршиле  „тешка кражба”  во менувалница ИВА-ДИ  при што одзеле злато и поголема сума на пари, со што причиниле материјална штета од 164.000 денари. Потоа прво и пето пријавените  во Битола извршиле  уште едно кривично дело „одземање на  моторно возило „југо Корал 45“ со намера да го употреби за возење, со што на оштетениот му причинил материјална штета од 32.000 денари.

Прво и четврто пријавените на ден 06/07.2013   извршиле к.д. „тешка кражба“ на ТМВ „југо скала пикап” сопственост на  правно лице од Битола, потоа  камионот  го однеле во Прилеп и го продале за сума од 6.000 денари, со што на оштетеното лице му причиниле материјална штета од 60.000 денари. Прво  и четврто пријавените  на ден 07.05.2013 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист на лица од Прилеп  им продале ТМВ  „пикап“  за цена од 100 евра, при тоа  лажејки ги  дека возилото не е во возна состојба и дека треба да се однесе во отпад. На двете оштетени лица, второ пријавениот  им дал лажни лични податоци и лажен мобилен телефон.  Оштетените кога сватиле дека се измамени, бидејќи виделе дека возилото е во возна состојба, истите по сообраќајната дозвола го пронашле сопственикот од Битола, по што настанот  е пријавен во СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ