Кривични пријави за албански државјанин и жител на Радолишта за обид за убиство

Од:

Струшката полиција поднесе кривични пријави против дваесет и двегодишниот албански државјанин Г.Б. и Д.З. (39) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“.

Кривичното дело, како што соопшти СВР Охрид, е сторено на 16 декември минатата година во 00:05 часот на локалниот пат Велешта-Октиси, при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта.

– Настанот се случил во близина на неговиот дом кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, од совозачката страна излегол првопријавениот Г.Б. и испукал повеќе куршуми кон А.С. по што заедно со второпријавениот Д.З. кој го управувал возилото и со умисла помогнал во извршувањето на кривичното дело, веднаш избегале. Повредениот А.С. итно бил пренесен во општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот бил извршен криминалистичко-технички увид при што биле пронајдени осум чаури калибар 7,65 милиметри, еден проектил, дел од проектил и други предмети, кои биле испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР