Кривични пријави за 7 лица за недозволена трговија со дрога, во три одвоени случаи

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока при СВР Скопје во три одвоени случаи кривично пријави седум лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога.

Во првиот случај, соопшти денеска МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесена е кривична пријава против С.И.(37) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При реализацијата на сучајот пронајдени се и одземени 61,1 грам хероин. Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиено оперативно сознание дека С.И. подолго време продава паковки со хероин, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје превзема соодветни мерки и активности за обезбедување материјални докази и фаќање на истиот. На 13. овој месец година извршен е претрес во домот на девојката на неговиот брат, неодамна исто така кривично пријавени за истото кривично дело, каде што И.С. привремено престојувал на улицата „Сава Ковачевиќ“. При тоа пријавениот е затекнат во дневната соба каде што е пронајден прибор за пакување наркотичната дрога, дигитална вага, картица од Бум ТВ и една визит картичка со остатоци од наркотична дрога хероин. При претресот на бањата пронајдена е една кеса со хероин со тежина од 61,1 грам, сокриена во просторот за сифон од туш кадата.

Од извршениот разговор дознаено е дека С.И. на почетокот на месецов, по претходен договор во населбата Ченто се сретнал со непознато лице и од кој земал хероин за кој што требало да му плати 1.000 евра откако ќе ја продаде. Откако го земал хероинот, С.И. ја однел во привремениот дом на девојката на неговиот брат. Дел од набавениот хероин пријавениот го препакувал во помали количини и го продавал на уживатели по различна цена во зависност од количината, а дел држел кај себе со намера да ја препакува и продаде откако ќе најде купувачи.

Во вториот случај кривично пријавени се Д.М. (23) и Д.М. (20) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени вкупно 14 паковки и 2 рачно изработени цигари со марихуана во вкупна маса од 20,79 грама и седум таблети екстази.

Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека двајцата браќа подолго време продаваат паковки со марихуана, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје превзема соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази и фаќање на истите.

Обезбедени се пет лица, стои во соопштението од МВР, од кои се одземени 4 паковки и 2 рачно изработени цигари со марихуана во вкупна маса од 5,09 грама, за кои во извршените разговори лицата појаснија дека ги купиле од едниот од двајцата браќа по цена од 300 денари за една паковка, а купопродажбата се случувала најчесто пред и во околината на нивниот дом.

При извршениот претрес во нивниот дом пронајдена една метална кутија од „Џек Даниелс“ во која имало 10 паковки со марихуана во вкупна маса од 15,7 грама и седум таблети екстази по што Д.М е приведен во СВР Скопје – ЕНТДО.

Од извршениот разговор со него дознаено е дека неговиот брат Д.М. во неколку наврати од лице од Скопје купувал марихуана во количини од по 50 грама за цена од 4.000 денари. Така набавената марихуана двајцата заедно во својот дом ја препакувале во помали количини кои потоа ги продавале на уживатели по цена од 300 денари за паковка. Инаку двајцата пријавени не минуваат во крим-евиденциите на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски