Кривични пријави за 17 лица за криумчарење цигари

Од:

Седумнаесет лица, меѓу кои и еден бугарски државјанин денеска се изведени пред истражен судија, а против нив е поднесена кривична пријава за криумчарење цигари од Македонија во Бугарија. Меѓу пријавените е и еден полициски службеник кој е вработен во граничната полиција.

– Утрово заедно со кривичната пријава и обезбедениот доказен материјал, 17 лица кои се дел од дваесетчлената организирана криминална група инволвирана во криумчарење на цигари беа изведени пред истражен судија, изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Криминалната група, како што појасни, е составена од 19 македонски државјани и еден бугарски државјанин, и се товари дека во периодот од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Република Македонија кон Република Бугарија.

Акцијата беше реализирана во Скопје, Тетово и повеќе други градови низ источна Македонија и притоа беа приведени и организаторите и членовите на групата, која според Јанкуловска, била добро структуирана.

– Според досега документираните сознанија групата во септемвеи 2010 година ја создал 47-годишен скопјанец потпомогнат од 41 годишно лице од Тетово и други пет лица од Скопје, заради вршење кривични дела криумчарење на цигари.

– Останатите членови од Струмица, Делчево, Кочани и Берово кои се на возраст од 25 до 60 години имале задача илегално да ги пренесуваат цигарите во соседна Бугарија. Како логистика од другата страна на границата им бил 34-годишен бугарски државјанин, што исто така е опфатен со оваа кривична пријава, изјави Јанкуловска.

Меѓу пријавените е и еден полициски службеник од граничната полиција кој имал задача членовите на групата да ги информира за движењето на полициските патроли по граничната линија.

Криминалната група се занимавала со организирање на криумчарење и транспорт на акцизна стока цигари со и без акцизни маркички од Албанија и од Косово во Македонија, а потоа во Бугарија.

Цигарите биле складирани во магацински простории на територијата на Скопје, меѓу другото и на Бит Пазар, и во околината на градот или во помошни магациски простории лоцирани во близина на македонско-бугарската граница. Мал дел од криумчарените цигари, се пуштани и во промет и на територијата на земјава.

Користени се различни моторни возила за транспорт на цигарите, но имало и рефус тутун, кој исто така е пронајден од полицијата, како и машинче за изработка на цигари.

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска истакна дека контролата на полицијата ќе продолжи вклучително и борбата против организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он