Кривични пријави за 14 лица вмешани во инцидентите со навивачки групи во Тетово

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 14 лица кои беа вмешани во инцидентите со навивачки групи од Тетово, кога беа извикувани националистички, навредливи пароли, а некои од нив фрлаа и со камења и шишиња кон објекти во градот.

Станува збор за инцидентите од 2, 3 и 4 овој месец, кога група навивачи од македонско етничко потекло извикуваат навредливи зборови кон Албанците, а потоа навивачки од албанско етничко потекло кон Македонците.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На втори ноември во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли.

Следниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.

На 4 ноември во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он