Кривични пријави за 11 лица во рамки на акцијата „Гора“

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал во март поднела 11 кривични пријави против 11 лица  за сторени  11 кривични дела од кои осум дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно дело „пустошење шума“. Кривичните пријави единицата ги поднела постапувајќу по ОА ГОРА.

Како што соопшти МВР, во врска со кривичното дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ кривично се пријавени лицата Ф.Ш. (32), А.М. (30), М.Д. (58), С.Ш. (37), М.Н. (27), И.М. (50), Н.С. (33) и А.Д. (27). Пријавените во повеќе наврати со товарни возила вршеле транспорт на дрва, иако непоседувале лиценци за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадени од Министерството за транспорт и врски.

За кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ кривично се пријавени лицата З.Г. (55) и С.Д.(51) и двајцата вработени како шумски полицајци во Шумска полициска станица Скопје. Тие иако како дел од шумско-полициска патрола извршиле во повеќе наврати контрола, и констатирале прекршоци согласно постоецките нормативи, сепак на прекршителите им ги вратиле товарните возила и дел од дрвната маса.

Исто така за кривичното дело „пустошење на шума“ пријавен е Н.Б. (48) кој што во атарот на општина Сарај противправно сечел дрвна маса од туѓа катастарска парцела.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он