Кривични пријави против пет лица за криумчарење мигранти

Од:

Во три одвоени случаи изминатата недела поднесени се кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29), од село Ваксинце и А.Д.(21) од кумановско Лојане, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од скопско Студеничани, осомничени за криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Откриени се 31 илегален мигрант, од кои 18 од Авганистан, 11 од Сирија и двајца од Бангладеш. На тројца од пријавените, Е.Н., Х.А. и А.Д., им е изречена мерка притвор од по 30 дена, а на Ќ.А. притвор во траење од осум дена.

Во првиот случај тројацата пријавени Е.Н., Х.А. и А.Д. на 2 ноември околу 19.30 часот на регионалниот пат Валандово – Богданци во близина на браната кај село Паљурци прифатиле 20 илегални мигранти (18 од Авганистан и двајца од Бангладеш) и ги качиле во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од првопријавениот, кој за превозот требало да добие 1.200 евра.

Второ и третопријавениот со патничко возило „шевролет крузе“, исто така со скопски регистарски таблички, во својство на претходница или „чистачи“ се движеле пред камионот во правец кон Куманово. При полициска контрола во близина на клучка на влез во Радовиш првопријавениот наместо да го сопре камионот продолжил да се движи по спореден земјен пат во правец кон Штип но сопрел, излегол од камионот и избегал. Набргу бил стигнат и приведен. Х.А. и А.Д. биле сопрени од полициски службеници кај местото Клучка Ињево и се приведени.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа