Кривични пријави против четворица скопјани за кражби

Од:

Кривични пријави се поднесени против две лица од Скопје за основано сомнение за сторени две „тешка кражба“ и уште две лица, исто така од Скопје, за сторени кривични дела „прикривање“, соопшти денеска МВР.

Со извршувањето на кривичните дела сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 104.000 денари.

Кривичните дела 33-годишниот Ш.Д. и 25-годишниот А.И ги извршиле во периодот од крајот на септември до крајот на октомври минатата година, во вечерните часови на подрачјето на Гази Баба. Тие откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого на паркинг простор со помош на физичка сила и подесен предмет ги скршиле стаклата од возилата и од нив одзеле лап топ компјутери, новчаник со пари и лични документи, патна торба со гардероба по што го напуштиле местото на настанот.

Пријавените украдените предмети ги продавале на третопријавениот 20-годишниот А.Е.Б., кој иако знаел дека предметите потекнуваат од претходно извршени кривични дела, ги купувал од и потоа истите ги огласувал за продажба. Четвртопријавениот 42-годишниот П.П. од А.Е.Б. во неколку наврати купил лап-топ комјутери кои што сакал да ги препродаде, а во контакт со него стапил преку телефонскиот број кој бил оставен за контакт на огласот на „Реклама 5“.

Лицето Ш.Д. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2000-2014 година поднесени му биле 22 кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол