Кривични пријави насилниците кои тероризираа во автобус на ЈСП

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои предизвикаа инцидент во автобус заканувајќи им се и навредувајќи ги патниците кои им забележале за тоа што не носат маски.

-Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот. Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина. Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото. Со тие дејствија обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот – стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор