Кривична за злоупотреба на службата, малтретирање и насилство против Арафат Муареми, тој тврди нападот доаѓа од истиот центар како и претресот во Управата

Од:

Сопственик на перална за автомобили во Дебар поднел кривична пријава против директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за злоупотреба на службена положба и овластување, малтретирање во вршење на службата и насилство. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до Јавниот обвинител на Македонија до Владата и до Министерството за финансии сопственикот на пералната навел дека директорот Муареми му се заканувал и го уценувал.

„Во временскиот период од февруари 2022 до денес постојано сум предмет на притисоци и закани, како и разни уцени од страна на пријавеното лице. Со други зборови се врши насилство врз мене. Како директор на Финансиска полиција ја користи и злоупотребува својата положба и моќ добиени од функцијата што ја извршува, а со цел да се откажам од моето право што го остварив во постапка за легализација на објект во Дебар“, стои во пријавата со вчерашен датум.

Директорот Муареми за „А1он“ вели дека оваа кривична пријава е продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар, откако претрес во Управата направи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата. Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција. Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред смислени сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности“, вели директорот Муареми.

При претресот во Управата истражителите ги запишале архивските броеви на анонимните пријави од 2018 година до денот на претресот, а обвинителката Вилма Русковска изјави дека постапуваат по пријава од граѓанин и од претресот зависи да има нешто основано во пријавата.

Управата за финансиска полиција, пак, оваа недела извести дека поднеле претставка против Русковска оти претресот сметаат дека бил неоснован.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Именуван в.д. директор на Финансиската полиција, Муареми е разрешен

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов

Муареми: Оставката е за да нема сомнеж за постапката која се води против мене

Кристијан Ландов