Кривична за сопственикот на кучињата од Бачишта кои усмртија дете

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од кичевското село Бачишта, чии овчарски кучиња минатата недела нападнаа четиригодишно дете.

Како што соопшти МВР, пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“.

Немилиот настан се случи на 16 март кога Ш.В. ги пушти кучињата неконтролирано да се движат во близина на неговото трло со овци. Тие го нападнаа четиригодишно дете кое излегло само од дворот на куќата во која живеело. Од тешките телесни повреди што ги здоби при нападот, детето на 19 март почина.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип